Две плавуши се допишуваат и едната и кажува како запознала некој дечко на интернет, а другава ја прашува:
- Ти прати слика?
- Да, после секоја реченица.
- И каков е?
- Жолт, келав, со црни очи и многу убава насмевка.
Во музеј објаснуваат на посетителите:
- Ова е синот на фараонот, ова е жената на фараонот, ова е братот на фараонот, а ова е мумијата на фараонот.
Плавуша турист:
- А мумијата што му се фаќа на фараонот?
Две плавуши разговараат:
- Знаеш ли пред некој ден колку страшно нешто ми се случи. Се разбудив на сред операција.
- Ех, тоа не е ништо, јас пред некој ден се разбудив на сред секс.
Две плавуши седат во кафич и прават муабет:
- Нешто е чудно кафето денес.
- Глупачо, тоа е чај.
Келнерот:
- Девојки, уште какао?
Плавуша ја прашуваат колку години има:
- Ма немам поима, тие цело време се менуваат.
Плавуша му вика на мажот:
- Влезе вода во карбураторот на колата.
- Ај да видам, каде си ја паркирала.
- Во базенот е!
|